ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЦРНА РЕКА ПОТРОШЕНИ ПОЛА МИЛИОН ЕВРА И ПАК СЕ ИЗЛЕА

    ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЦРНА РЕКА ПОТРОШЕНИ ПОЛА МИЛИОН ЕВРА И ПАК СЕ ИЗЛЕА Низ користото на Црна Река растат дрвја високи по неколку метри, па го запираат водотекот и при надојдена вода таа се излева (Фото: СДК.МК)

    За чистење на користото на реката Црна пред две години беа потрошени половина милион евра и триста тони нафта од државните резерви, но реката викендов повторно се излеа. Овојпат предизвика штети во Општина Демир Хисар, излевајќи се на повеќе места на потегот од селото Доленци до Бучин, притоа поплавувајќи неколку стотици хектари обработливо земјиште и локалниот пат за село Мало Илино.

    САКАМДА КАЖАМ.МК  дознава дека во акцијата за чистење на коритото на Црна, што ја спроведуваше државата во 2015  и 2016, а координатор беше Општина Новаци, не беше опфатен демирхисарскиот крај.

    Поранешниот градоначалник на Општина Новаци Лазар Котевски, вели се исчистиле 30 километри од речното корито, но дека демирхисарскиот крај низ кој тече Црна не влегол во програмата зашто тогаш во тој дел немало опасност од излевање на реката. Тој објаснува дека не било исчистено ни речното корито во Круешево, туку се работело во регионот на Могила, Новаци и Прилеп, каде штетите биле најголеми.

    Во Демирхисарско речното корито на Црна е полно со вегетација и го запира водотекот, па се излева по околните ниви и патишта. Никој не знае од кога речното корито во Демир Хисар не е исчистено.

    „Имавме поплава од Доленци, па сè до селата Света и Бучин. Речното корито не е исчистено и веќе испративме допис до Дирекцијата за заштита и спасување да ни се обезбедат пари, механизација и нафта како што тоа беше напревено претходно за другите општини, па да може да се исчисти коритото“, рече Мрајанче Стојановски, градоначалник на Општина Демир Хисар.

    Во Демирхисарско, нивото на Црна почна да опаѓа и водата да се повлекува, но жителите и надлежните се во страв зашто за викендов се најавуваат нови врнежи, па можно е да дојде до ново излевање. Водата поплави повеќе ниви со пченица, па земјоделците откако ќе пријават штети, ќе се прави проценка.

    Со акцијата за чистење на користото на Црна во 2015 и 2016 беа затворенио 14 пропусти од коритото оштетени за време на поплавите во 2015. Воедно, се исчистија 30 килоемтри од користото полно со вегетација и друго ѓубре, од вкупни 207 километри од течението на реката.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира