Државната изборна комисија и официјално го регистрираше Владимир Путин како кандидат на претстојните претседателски избори во Русија, откако тој приложил повеќе од 300.000 потписи на граѓани.
Актуелниот претседател мораше да ја собере потребната бројка потписи до крајот на јануари, бидејќи влегува во трката како независен кандидат, иако доби поддршка од неколку големи политички партии, вклучувајќи ја и Обединета Русија, која има мнозинство во парламентот.
Иако голем фаворит да го освои четвртиот мандат, втор по ред, Путин ќе има и противкандидати на изборите во Владимир Жириновски, лидерот на Либералната демократска партија и во Павел Грудинин, кој е поддржан од Комунистичката партија. Уште неколку независни кандидати пројавиле интерес да се кандидираат, додека лидерот на опозицијата Алексеј Навални од старт беше одбиен.
Анкетата спроведена од државната агенција ВТСИОМ кон крајот на минатиот месец покажа дека 71% од оние што имаат право на глас ќе излезат на изборите на 18 март, а 70% се изјасниле дека ќе му го дадат својот глас на Путин.