70 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПАТНАТА ИНФРАСТРУКТУРА ВО СЕВЕРОИСТОЧНИОТ РЕГИОН, НАЈАВИ МИНИСТЕРОТ СУГАРЕСКИ

    70 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПАТНАТА ИНФРАСТРУКТУРА ВО СЕВЕРОИСТОЧНИОТ РЕГИОН, НАЈАВИ МИНИСТЕРОТ СУГАРЕСКИСугарески и Димитриевски денеска врачија триесет решенија за легализација на дивоградби во Куманово (Фото: СДК.МК)

    Околу 70 милиони евра планира да потроши Владата за изградба на патната инфраструктура во Североисточниот Регион. Како што најави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешната посета на Општина Куманово, во програмата е предвидена изградба на експресни патишта, но и реконструкција на магистралните и регионалните патишта.

    „Во план е во овој Кумановски Регион да бидат изградени поголем дел патишта. Во делот на патната инфраструктура се планираат некаде околу 70 милиони евра, станува збор за дел експресни патишта и дел за реконструкција на патишта, кои нè поврзуваат со Република Бугарија. Конкретно, експресниот пат Ранковце – Крива Паланка – Деве Баир. Исто така, во план е реконструкција на патиштата од Опае до Никуштак. Во овој период имаме силна активност поврзана со овој регион и се надевам дека со поддршка на локалната самоуправа овие средства ќе бидат искористени“, рече Сугарески.

    Министерот не прецизираше во кој временски период ќе се реализираат највените проекти.

    Сугарески разговарал со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски и за проекти што треба да се релизираат оваа година за изградба на водоводна и канализациона мрежа во Општина Куманово, проекти од 1,5 милиони евра, средства обезбедни од Европска инвестициона банка.

    Сугарески и Димитриевски денеска врачија триесет решенија за легализација на дивоградби во Куманово. Од почетокот на постапката во Куманово има поднесено 18.000 барања за легализација, над 7.000 се одбиени, а над 5.500 барања се решени позитивно. Сугарески потсети дека од почетокот на годината продолжен е рокот за легализиција на дивоградбите во државата.

     С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира