Владата на денешницата седница донесе одлука да го преименува скопскиот аеродром „Александар Велики“, објави премиерот Зоран Заев. Новото име ќе биде Меѓународен аеродром Скопје (Skopje International Airport). Се менува и името на автопатот „Александар Велики“ во „Пријателство“.
Промената на името на аеродромот и автопатот беше најавено од премиерот Зоран Заев на 24 јануари по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас на Светскиот економски форум во Давос.
Скопскиот аеродром беше преименуван во „Александар Велики“ на 27 декември 2006, со владината одлука, на чело со тогашниот премиер Никола Груевски. Всушност, со таа одлука почна процесот кој во македонската јавност е именуван како „антиквизација“ на Македонија. Две години подоцна, исто така со владина одлука, автопатот беше именуван „Александар Велики“.