РУСКИ ХАКЕРИ ПРОБИЛЕ ВИСОКОТЕХНОЛОШКИ ТАЈНИ НА АМЕРИКАНСКАТА ОДБРАНА

    РУСКИ ХАКЕРИ ПРОБИЛЕ ВИСОКОТЕХНОЛОШКИ ТАЈНИ НА АМЕРИКАНСКАТА ОДБРАНАРуските хакери познати како „Фенси Беар“ измамиле најмалку 87 луѓе кои работеле на воените беспилотни летала, ракети, стелт борбени авиони, компјутерски платформи и други чувствителни активности. (Фото: АП)

    Руските сајбершпиони ги откриле тајните на воените дронови и други чувствителни информации за одбранбената технологија на САД, со тоа што ги измамиле работниците да ги остават незаштени нивните е-пошти, покажа истражувањето на Асошиејтед прес. Сè уште не е јасно што сѐ е украдено, но хакерите ја искористиле државната ранливост во сајбербезбедноста, односно слабо заштитените адреси на е-пошта на вработените.

    Хакерите познати како „Фенси Беар“, кои исто така упаднаа во системот за време на изборите во САД, измамиле најмалку 87 луѓе кои работеле на воените беспилотни летала, ракети, стелт борбени авиони, компјутерски платформи и други чувствителни активности.

    „Програмите кои им биле цел и луѓето кои работат на тие програми се едни од најнапредните технологии. Ако тие програми се компромитирани на кој било начин, тогаш и нашата предност и одбрана се компромитирани“, рече Чарлс Совел, поранешен висок советник во Директоратот за национално разузнавање на САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира