Руски авион со 65 патници се урна откако исчезна од радарските екрани по полетувањето од Москва, јавија руските медиуми. Регионалниот авион Ан-148 на „Саратов Ерлајнс“ беше на пат за градот Орск, кога исчезна.
Извор од службите за спасување за агенцијата „Интерфакс“ потврдиле дека авионот е урнат и дека нема шанси некој да преживеал. Во авионот имало и шест членови на посадата, додаде изворот.
Авионот паднал близу селото Аргуново, околу 80 километри југоисточно од Москва.