Карневалот во Рио де Жанеиро почна со парада на славните школу за самба низ стадионот Самбадром.
Најдобрите 13 школи за самба сериозно го сфаќаат натпреварот и првото место им значи многу на сиромашните заедници во бразилскиот град.
Тимовите ќе бидат оценувани за кореографија, атмосфера, организација и пеење. Секоја нивна парада чини речиси 1,6 милиони евра.
Над шест милиони луѓе, од кои 1,5 милиони странски туристи, се очекуваат да го посетат годинашниот карневал, што трае до 14 февруари.