Министерот за надворешни работи Никола Димитров вечерва во Виена ќе има средба со министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас, соопшти Министерството за надворешни работи.
Утре, пак, двајцата министри ќе имаат заедничка средба со личниот пратеник на Генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц, додаваат од министерството.
Премиерот Зоран Заев на 7 февруари кажа дека став на Владата е дека е прифатливо име со географска одредница и тогаш најави дека неделава ќе има средба помеѓу министрите за надворешни работи на двете земји.