КОЦЕ НА ШУРАТА МУ ИЗГРАДИ НАСИП ВО ВАРДАР ЗА ДА НЕ МУ СЕ ПОПЛАВУВА ГАЛИЈАТА, КАЖА ШИЛЕГОВ

    КОЦЕ НА ШУРАТА МУ ИЗГРАДИ НАСИП ВО ВАРДАР ЗА ДА НЕ МУ СЕ ПОПЛАВУВА ГАЛИЈАТА, КАЖА ШИЛЕГОВОколу галијата кај мостот „Гоце Делчев“ има насип, кој што ја намалува проточноста на Вардар. (Фото: СДК.МК)

    Долгогодишниот скопски градоначалник Коце Трајановски на неговиот шура му изгради насип во Вардар за да не му се поплави бродот, кажа денес градоначалникот Петре Шилегов, одговарајќи на советничко прашање дали ќе ги отстранува галиите од Вардар.

    Советникот од ВМРО-ДПМНЕ Владо Поповски го праша Шилегов дали се точни информациите во медиумите дека тој дал налог да се отстранат бродовите од Вардар и колку таа постапка ќе го чини градот.

    Шилегов одговори дека тој дал налог за почнување на правна поставка за отстранување на бродовите и кога таа ќе заврши ќе биде јавноста информирана. Тој кажа дека галиите се небезбедни и ја намалуваат проточноста на Вардар за што доказ е излевањето пред некој месец.

    „Галиите и сите објекти се небезбедни за градот. Претходниот градоначалник му направил насип на шурата за да не му се поплавува бродот во Вардар. Сето тоа ја намалува проточноста. Студијата на УНДП покажа дека при мала поплава, штетата на градот би била 50 милиони евра, од средни размери 250 милиони евра, а од големи размери 500 милиони евра. Истата студија покажува дека заради градбите за 35 отсто е намалена проточноста. Јас ќе направам сè да ги заштитам граѓаните. Никој не се надеваше ни на поплавата во Стајковци, па ни се случи“, рече Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира