Во скратена постапка компанијата Пелистер е ангажирана да врши ископ на јаглен за РЕК Битола, откако фирмата Трансмет, која победи на претходниот тендер со најниска цена, се откажа од договорот поради неисполнување на обврските навреме да доставува јаглен за производство на струја.
Вицепремиерот Кочо Анѓушев кажа дека Електрани на Македонија биле принудени во скратена постапка да обезбедат фирма која ќе прави ископ на јаглен, за да не запре производството на електрична енергија, додека заврши новата тендерска постапка за избор на изведувач.
„Ако нема јаглен РЕК Битола не може да работи и да произведува струја, а со тоа се загрозува целокупниот енергетски систем во Македонија. Во скратена постапка беше избрана фирмата Пелистер, која за 44 денари по килоџул ќе прави ископ и навистина оваа цена е повисока од претходната, но е пониска од цените кои претходно се плаќале за ископ на јаглен“, кажа Анѓушев.
Тој потенцираше дека фирмата Пелистер е ангажирана за неколку месеци, додека да заврши редовната тендерска постапка, која веќе е распишана.а