ИВОНА ТАЛЕСКА ПРИЗНА ДЕКА ЗАТАЈУВАЛА ДАНОК, ПРЕСУДА УШТЕ ДЕНЕСКА

    ИВОНА ТАЛЕСКА ПРИЗНА ДЕКА ЗАТАЈУВАЛА ДАНОК, ПРЕСУДА УШТЕ ДЕНЕСКАИвона Талеска утринава пристигнува во Основниот суд Скопје 1. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Новинарката Ивона Талевска призна дека е виновна за даночно затајување на денешното судење за предметот „Тифани“ на СЈО, по што судијката

    „Признавам вина за дејствијата кои ми се ставаат на товар со обвинителниот акт на СЈО“, кажа Талевска пред судот.

    Пресудата ќе биде соопштена денеска.

    Претходно, обвинителката од СЈО Елизабета Јосифовска во воведните зборови на судењето за случајот „Тифани“ кажа дека обвинетата Ивона Талевска не ги почитувала даночните прописи и даночните обврски и во периодот од 2008 до 2013 одбегнувала да плаќа даноци,со што извршила продолжено кривично дело даночно затајување.

    „Преку докази и исказ на сведок ќе докажеме дека обвинетата Ивона Талевска преку нејзините две фирми Смарт Центар ДООЕЛ и Смарт Груп ДООЕЛ со цел да одбегне делумно плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давала неточни податоци за износот на обврски кои што требало да ги плати. Во двете правни лица Талевска постапувала на речиси ист начин, пријавувала расходи кои не биле направени за вршење на на дејноста на правните лица. Односно обвинетата набавувала апарати за домаќинство, мебел, теписи, постелнина, садови, облека, чевли, козметика, опрема за бања, добра и услуги кои не биле користени за целите на правните лица” рече Јосифоска.

    Судијката Софија Лаличиќ го повика претставникот од Државното правобранителство да го каже имотно-правното побарување, по што од Правобранителството рекоа дека уште ги немаат добиено податоците од УЈП. По ова Лаличиќ рече дека не може да бара изјаснување за вина на обвинетата Талевска додека не се изјасни Државното правобранителство за побарување.

    По паузата, од Државно правобранителсто рекоа дека државата ја побарува истата штета што ја посочува СЈО во обвинителниот акт, каде што е споменат износ од 2.184.677,00 денари затаени од правните лица, а обвинетата одбегнала да плати даночни обврски во значителен износ од 1.671.611,00 денари.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира