Драган Данев е новиот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, откако досегашниот координатор Влатко Ѓорчев побарал да се повлече, соопшти партијата. Ѓорчев побарал да се повлече поради голем обем на обврски и презафатеност, по што е назначен за претседател на партиската комисија за семејни прашања и демографија.
За заменици на новиот координатор Данев се поставени пратениците Горан Манојловски и Драган Цуклев.