СЕВЕРНА, ГОРНА, ВАРДАРСКА ИЛИ СКОПЈЕ ВО ЗАГРАДА – ЗАЕВ ВО ЛОНДОН ГИ ОТКРИ МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДЛОЗИ ЗА ИМЕТО

    СЕВЕРНА, ГОРНА, ВАРДАРСКА ИЛИ СКОПЈЕ ВО ЗАГРАДА – ЗАЕВ ВО ЛОНДОН ГИ ОТКРИ МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДЛОЗИ ЗА ИМЕТОПремиерот Заев со другите лидери од земјите на Западен Балкан на прием кај британската премиерка Тереза Меј во Лондон

    Македонија има на располагање четири опции за решавање на спорот за името со Грција, изјави премиерот Зоран Заев за  новинската агенција Ројтерс.

    Македонија се надева дека спорот ќе се реши навреме за да добие препорака за почеток на преговори со Европската Унија во јуни и потврда на поканата за прием во НАТО во јули годинава, и предлага географска одредница во своето име, наведува „Ројтерс“.

    „Предлозите се Република Северна Македонија, Република Горна Македонија, Република Вардарска Македонија и Република Македонија (Скопје) – изјавил Заев за Ројтерс за време на Самитот за Западен Балкан што се одржа во Лондон.

    Прашан дали Грција ќе биде среќна со една од овие предлози, македонскиот премиер вели „Да, има опции што повеќе ги преферираат, а некои помалку.

    Заев вели дека останува отворено прашање дали постои „вистинска потреба“ за промена на Уставот, што Грција го бара последниве месеци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира