„Алкалоид АД. Скопје“ во 2017 имаше раст од 10 отсто на консолидираните продажби, раст од 11 отсто на консолидираната нето добивка, инвестиции од 861,4 милиони денари и 143 нови вработувања, соопшти компанијата.
На домашен терен, консолидираните продажби се зголемени за пет отсто, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 13 отсто.
Од вкупните консолидирани продажби, 38 отсто се остварени на домашен пазар, додека 62 отсто се остварени на странски пазари.
Гледано по региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 33 отсто, во Русија и другите земји од ЗНД се остварени 7 отсто, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 20 отсто и на останатите пазари се остварени 1 насто од вкупните консолидирани продажби.
Најзабележителен раст е остварен во Велика Британија со продажби од 202.665.540 денари што претставува зголемување за 13 пати и Унгарија со продажби од 31.452.936 денари што претставува зголемување за 3,5 пати споредено со истиот период од минатата година.
Гледано по групи на производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби, најголемо учество заземаат фармацевтските производите и тоа 85 отсто.
Од нив поголем удел имаат ОТЦ препаратите со 21 отсто, кардиолошките препарати со 16 отсто, антибиотиците со 14 отсто, невролошките препарати заземаат 13 насто од вкупните консолидирани продажби.
Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 15 отсто во вкупните консолидирани продажби.