ЛЕТНАТА ОЛИМПИЈАДА ВО ТОКИО ДОБИ ФУТУРИСТИЧКИ МАСКОТИ

    ЛЕТНАТА ОЛИМПИЈАДА ВО ТОКИО ДОБИ ФУТУРИСТИЧКИ МАСКОТИМаскотите кои засега немаат име победија во анкетата во којашто учествувале 16.769 училишта

    Јапонија избра футуристички суштества кои имаат супермоќи како маскоти на следната Летна олимпијада, што ќе се одржи во Токио во 2020 година.

    Сѐ уште неименувани маскоти, кои личат на лисици, победија на анкетата, во којашто учествуваа само ученици. Организацискиот комитет на ОИ соопшти дека во анкетата учествувале 16.769 училишта.

    Тие ќе ги поздравуваат посетителите на Игрите во 2020 година и ќе го шират олимпискиот и параолимпискиот дух“, кажаа организаторите.

    Тие додаваат дека двете избрани маскоти имаат различни карактери, но се почитуваат меѓусебе и се добри пријатели.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира