МАРИН ЛЕ ПЕН ОБВИНЕТА ЗА ШИРЕЊЕ ФОТОГРАФИИ ОД ЕГЗЕКУЦИИ НА ИСЛАМСКА ДРЖАВА

    МАРИН ЛЕ ПЕН ОБВИНЕТА ЗА ШИРЕЊЕ ФОТОГРАФИИ ОД ЕГЗЕКУЦИИ НА ИСЛАМСКА ДРЖАВАФранцускиот парламент ѝ го укина имунитетот на Марин Ле Пен во врска со овој случај

    Француските обвинители покренаа тужба против лидерката на крајната десница Марин Ле Пен поради објавување брутални фотографии од насилствата на Исламска држава.

    Канцеларијата на обвинителството на париското предградие Нантер соопшти дека таа се товари за ширење насилни фотографии. Доколку случајот стигне на суд и таа биде обвинета, Ле Пен би можела да добие три години затвор и парична казна од 75.000 евра.

    Во декември 2015 година, Ле Пен на Твитер објави фотографии на кои се прикажани егзекуции што ги направиле борците на Исламска држава, вклучувајќи ја и онаа на американскиот новинар Џејмс Фоли.

    Францускиот парламент претходно ѝ го укина имунитетот на Ле Пен во врска со овој случај.

    Ова е последниот тежок удар за Ле Пен, чија партија падна во криза, откако таа лани загуби на претседателските избори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира