Приведен е и третиот напаѓач на 17-годишниот Златко, кој на 1 март беше нападнат на автобуската постојка „Рекорд“ во Скопје, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
„Денеска полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје го приведоа Б.Н. (15) од Скопје во врска со нападот на 17-годишниот З.Т. на автобуската постојка „Рекорд“. Тој, заедно со Р.А. (18) од Скопје и К.Т. (18) од село Љубин, скопско, физички го нападнале З.Т. и му нанеле убодна рана со тврд предмет во пределот на стомакот. Б.Н. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка“, велат од МВР.
Во неделата беа преведени двајца напаѓачи на 17-годишниот Златко член на навивачката група „Комити“. Како што кажаа тогаш од МВР приведените во целост го признале делото и против нив ќе се поднесат кривични пријави.