НАРЕДНАТА САБОТА РАБОТНА ЗА УЧИЛИШТАТА, ВО АПРИЛ УШТЕ ЕДНА

    НАРЕДНАТА САБОТА РАБОТНА ЗА УЧИЛИШТАТА, ВО АПРИЛ УШТЕ ЕДНАВо текот на учебната година треба да се одработат 180 дена, а според распоредот за работа годинава недостасуваат четири работни дена. (архивска фотографија)

    Основните и средните училишта ќе работат две саботи до крајот на учебната година, потврдија од Министерството за образование.

    Работни ќе бидат саботите на 17 март и на 14 април, а двата дена ќе бидат со распоред на часови од петок.

    Саботите се работни, бидејќи зимскиот распуст беше продолжен за еден ден, а во јуни последните два дена од учебната година паѓаат во викенд.

    Од Министерството за обрзаование и наука велат дека според планот за работа на училиштата во текот на учебната година треба да се одработат 180 дена, а според распоредот за работа годинава недостасуваат четири работни дена, кои што учениците ќе треба да ги одработат во две саботи во првото полугодие и две во второто полугодие.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира