РУСИЈА СО ДЕЗИНФОРМАЦИИ ПОТТИКНУВА НЕМИРИ НА БАЛКАНОТ, КАЖА АМЕРИКАНСКИ ГЕНЕРАЛ ВО СЕНАТОТ

    РУСИЈА СО ДЕЗИНФОРМАЦИИ ПОТТИКНУВА НЕМИРИ НА БАЛКАНОТ, КАЖА АМЕРИКАНСКИ ГЕНЕРАЛ ВО СЕНАТОТГенералот Куртис Скапароти вчера сведочеше во Сенатот во Вашингтон за руската закана во Европа. (Фото: Старс енд страјпс)

    Командантот на американската војска во Европа, генералот Куртис Скапароти, вели дека е загрижен околу потенцијални нови немири на Балканот, каде што има знаци дека Русија го засилува влијанието откако САД го изгуби фокусот на регионот.

    „Регионот за кој што сум загрижен денеска е всушност Балканот. Русија работи на Балканот, а ние на некој начин веќе не внимаваме на регионот, кажа генералот.

    Скапароти, кој сведочеше пред Комитетот за вооружените сили во Сенатот, рече дека Русија се обидува да поттикне немири ширум Балканот преку кампања за дезинформирање на локалното население.

    „Ова е област во која што можеме да имаме проблеми во иднина“, рече Скапароти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира