ГАЗДАТА НА ПАОК СО ПИШТОЛ ВЛЕТА НА ТЕРЕН И ГО ПРЕКИНА ДЕРБИТО СО АЕК

    ГАЗДАТА НА ПАОК СО ПИШТОЛ ВЛЕТА НА ТЕРЕН И ГО ПРЕКИНА ДЕРБИТО СО АЕКНосејќи оружје за појасот, Иван Савидис се обиде да се соочи со главниот судија, откако тој поништи гол за неговата екипа во 89. минута (Фото: Ројтерс)

    Големото дерби на грчкиот фудбал помеѓу ПАОК и АЕК беше прекинато во самиот финиш на средбата во Солун, откако претседателот на солунскиот клуб влета на терен со пиштол.

    Носејќи оружје за појасот, Иван Савидис се обиде да се соочи со главниот судија, откако тој поништи гол за неговата екипа во 89. минута поради наводен офсајд. Савидис побара од својата екипа да го напушти теренот и кога тргна кон судијата, беше сопрен од своите телохранители.

    Ова се случуваше при резултат 0:0 и со тие три бода, ПАОК, кој чека титула цели 33 години, ќе му се доближеше на лидерот АЕК на само два бода.

    Откако настана хаос на теренот, играчите на АЕК си заминаа во соблекувалните, од страв за својата безбедност.

    Мечот и официјално беше прекинат дури два часа подоцна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира