СО ПОДАРОК ОД ЕУ ПОСТАВЕНА МОБИЛНА СТАНИЦА ЗА АЕРОЗАГАДУВАЊЕ ВО БУТЕЛ

    СО ПОДАРОК ОД ЕУ ПОСТАВЕНА МОБИЛНА СТАНИЦА ЗА АЕРОЗАГАДУВАЊЕ ВО БУТЕЛМинистерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, амбасадорот на Европската Унија Самуел Жбогар и градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на официјалното пуштање во употреба на станицата во Општина Бутел

    Во скопската општина Бутел денес е пуштена во употреба новата мобилна мерна станица за квалитетот на воздухот, која е дел од националната мрежа за автоматски мониторинг на квалитетот на воздухот.

    Од Министерството за животна средина и просторно планирање велат дека Општина Бутел е првата општина што ќе ја користи мобилната мерна станица за следење на квалитетот на воздухот. Таа секоја година ќе биде прелоцирана во различна општина. Следната година станицата ќе биде инсталирана во општина Ѓорче Петров.

    “ втоматскиот мониторинг на квалитетот на воздухот ќе ни помогне да оформиме база на историски податоци, преку кои што ќе можеме да вршиме анализи и да ги предвидуваме трендовите, а се во функција на здравјето и добросостојбата на нашите граѓани. Затоа, со комплетирањето на мрежата за мониторинг на квалитетот на воздухот ние добиваме непроценлива алатка што ќе ни служи во планирањето на целокупниот развој на државатапоради што сметаме дека таа е огромна придобивка за сите граѓани и за нашето општество во целост“, рече министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки.

    Мобилна мониторинг станица поставена е во дворот на основното училиште Живко Брајковски во Општина Бутел. Таа е набавена со финансиска поддршка од Инструментот за предпристапна помош (ИПА), како дел од помошта во процесот на усогласување на областа на животната средина во Македонија со стандардите на ЕУ. Европската Унија обезбеди специјализирано возило за вршење на редовно калибрирање и услуги за одржување, како и одреден број на инструменти за да се подобри следењето на квалитетот на воздухот на територијата на целата држава.

    Од Министерството за животна средина и просторно планирање велат дека вкупната вредност на проектот е 272.000 евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира