ТРАМП ГО ОТПУШТИ ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ТИЛЕРСОН И ГО ЗАМЕНИ СО ШЕФОТ НА ЦИА

    ТРАМП ГО ОТПУШТИ ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ТИЛЕРСОН И ГО ЗАМЕНИ СО ШЕФОТ НА ЦИАТрамп појасни дека го сменил Тилерсон затоа што сака да направи нов тим во пресрет на најавените преговори со Северна Кореја (Фото: АП)

    Доналд Трамп го отпушти државниот секретар Рекс Тилерсон и на негово место го постави досегашниот директор на ЦИА, Мајк Помпео.

    Тој му се заблагодари на Тилерсон по пат на Твитер, додавајќи дека новиот државен секретар „фантастично ќе си ја врши новата работа“.

    Трамп појасни дека го сменил Тилерсон затоа што сака да направи нов тим во пресрет на најавените преговори со Северна Кореја и за нови трговски договори.

    Тилерсон беше назначен за државен секретар пред само една година и за неговата смена почна да се зборува уште пред неколку месеци.

    Трамп, истовремено, ја номинираше Џина Хаспел за прва жена на чело на ЦИА.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира