МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ДОБИ РОК ОД СЕДУМ ДЕНА ДА КАЖЕ ДАЛИ МОЖЕ ДА СЕ ОДЗЕМЕ КОНЦЕСИЈАТА ЗА РУДНИКОТ КАЗАНДОЛ

    МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ДОБИ РОК ОД СЕДУМ ДЕНА ДА КАЖЕ ДАЛИ МОЖЕ ДА СЕ ОДЗЕМЕ КОНЦЕСИЈАТА ЗА РУДНИКОТ КАЗАНДОЛЖителите на Валандово, Дојран и Богданци се категорично против отворање на рудникот во Казандол, оти стравуваат дека загадувањето од неговата работа ќе ја загрози животната средина и нивното здравје. - Рудникот Казандол се наоѓа на километар од Валандово (Фото: СДК.МК)

    Владата го задолжи Министерството за економија во рок од седум дена да достави информација за можноста за раскинување на договорот за концесија за рудникот Казандол кај Валандово, соопшти владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

    Тој кажа дека Економија треба да достави и информација за можноста за одземање на дозволата за експлатација на минерални суровини во Казандол.

    Одземање на дозволата за рудникот Казандол изминативе две години бараат жителите на Валандово, Дојран и Богданци. Тие стравуваат дека со отворање на рудникот кај Казандол целата животна средина ќе биде загрозена, а со тоа и нивното здравје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира