Ангела Меркел по четврти пат е избрана за канцелар на Германија од Бундестагот, соопшти долниот дом на парламентот.
Меркел доби 364 од 688 гласови на тајното гласање, и затоа беше избрана во првиот круг на гласање. Беа потребни најмалку 355 гласа од вкупно 709 членови.
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер пред пратениците претходно ја предложи на Меркел за канцелар, која е на чело на најголемата партија во Бундестагот, Христијанско демократската унија (ЦДУ).
Свечена заклетва Меркел официјално ќе положи на пладне во официјалната резиденција на Штајнмаер.