Собранието, по куса пауза по инцидентот со Никола Груевски, го изгласа Законот за употреба на јазиците со 64 гласа „за“ без да ги разгледа илјадниците амандмани на ВМРО-ДПМНЕ.
Веднаш по гласањето, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ застанаа пред претседателот на Собранието Талат Џафери, а Груевски повторно се качи на подиумот кај спикерот и пробуваше да му ја извади каричката за гласање на Џафери, но овојпат не успеа, бидејќи пред него застана собраниското обезбедување.
Претходно, Груевски го испрска со вода претседателот на Собранието Талат Џафери, па му ја зема картичката за гласање, по што Џафери даде пауза и стана да си оди, но беше запрен од поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, при што дојде до турканица меѓу нив двајца. Собраниското обезбедување интервенираше и ги раздели пред да дојде до тепачка.