Златан Ибрахимовиќ се пресели од Манчестер јунајтед во Лос Анџелес галакси и своето доаѓање го објави во весник.
Галакси откупи цела страница од петочното издание на „Лос Анџелес тајмс“, за да објави реклама со само неколку збора.
„Драг Лос Анџелес, нема на што!“, се вели во пораката, потпишана од секогаш оригиналниот Ибрахимовиќ.
Тој пристигна како слободен играч, откако Јунајтед му излезе во пресрет и му го раскина договорот
„Ако Лос Анџелес не е доволно голем да ме задржи, јас ќе го направам уште поголем“, кажа Швеѓанецот и продолжи:
„По играњето во Европа за најголемите екипи и освојувањето на 33 трофеи, сакав да дојдам во САД, за да можат луѓето овдека да уживаат во мојата игра. Сакам уште да победувам и затоа го избрав Галакси“.