Се откина парче мермер од постаментот на споменикот Филип Втори во Битола. Не се знае дали оштетувањето настанало од боите со кои го гаѓаа споменикот протестантите или можеби од детергентите и млазевите вода со кои го чистеа констрапротестантите.
Група битолчанки минатата недела се пофалиjа дека ќе го искапат „потомокот“, но откако си заминаа камерите и тие си отидоа и го оставија споменикот недочистен. Затоа акција за чистење имаа комуналните служби на Општината. Го гланцаа коњаникот, па боја остана само на некои делови. Вечерва, неколку часа по чистењето, битолчани забележаа дека Филип остана без парче мермер на постаментот.