Бизнисменот Иво Николов на денешното судењето за предметот „Поткуп“, кажа дека не дал ниту евро на семејството на обвинетиот премиер Зоран Заев, одговарајќи на прашање на адвокатот Филип Медарски.
Медарски претходно пред судот покажа три изјави на Николов што ги дал пред обвинител. Потписот Николов си го позна, но и натаму негираше дека воопшто во ОЈО некогаш рекол оти трите дополнителни евра Заев му ги барал само за помош во градбата на црквата во Струмица.
„Дали некогаш сте платиле евро на семејството Заев?“, праша Медарски.
„Не, ама и предметите за приватизациите никогаш не се завршија“, рече сведокот Николов, кој сепак појасни дека предметите се одамна во полиција заради постапката што се води против поранешниот градоначалник Заев.
- ШТО ТУКА ИВО, ГО ПРАШАЛ ЧАВКОВ СВЕДОКОТ КОГА ГО ПРИЈАВУВАЛ ЗАЕВ ВО МВР
- МВР САМО МИ ПОБАРА ПАЛТО, ШТОМ ЌЕ ГО СНИМЕВ ЗАЕВ, МИ ГО ЗЕМАА, ВЕЛИ СВЕДОКОТ ВО „ПОТКУП“
- ЗАЕВ МИ ПОБАРА ЕВРО ЗА НЕГО, ДРУГО ЗА ЦРКВАТА И ТРЕТО ЗА СДСМ, СВЕДОЧИ НА СУД БИЗНИСМЕНОТ ИВАН НИКОЛОВ
Обвинителката Валентина Бислимовска не пресретна ниедно од бројните прашања на адвокатите на Заев и немаше приговори на ниту едно од прашањата. На прашање, пак, зошто кога немал пари, а ни намера да дава 300 илјади дополнителни пари за приватизацијата, тој упорно барал контакт со Заев, тој кажа дека обвинителството веќе ја почнало постапката против Заев и тој соработувал.
На почетокот на сведочењето, струмичкиот бизнисмен Николов рече дека премиерот Зоран Заев, обвинет дека му барал поткуп како градоначалник на Струмица, му побарал 300 илјади евра за приватизација на пет парцели државно градежно земјиште.
Вкрстените прашања кон единствениот сведок во „Поткуп“, во Кривичниот суд уште траат.
С. К. ДЕЛЕВСКА