НАПАЃАЧИТЕ СО ФАНТОМКИ ДОБИЛЕ ТЕЛЕФОНСКИ ПОВИК ДА ДЕЈСТВУВААТ ВО СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛ, ЕДЕН ПОСЕГНАЛ ПО ПИШТОЛ ДА ГО УБИЕ ЗАЕВ

    НАПАЃАЧИТЕ СО ФАНТОМКИ ДОБИЛЕ ТЕЛЕФОНСКИ ПОВИК ДА ДЕЈСТВУВААТ ВО СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛ, ЕДЕН ПОСЕГНАЛ ПО ПИШТОЛ ДА ГО УБИЕ ЗАЕВКако што кажа Јавниот обвинител Љубомир Јовевски, истрагата за 27 април е завршена и утврдила дека обвинетите дејствувале со иста цел, извршувајќи усогласени дејствија. - Јовевски пристигнува на денешната прес-конференција во Јавното обвинителство (Фото: М. Златевска)

    Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинителен акт против 28 лица за терористичко загрозување на Уставниот поредок и безбедноста, а две лица се товарат за помагање за истото кривично дело во врска со нападот во Собранието на 27 април минатата година.

    Како што кажа Јавниот обвинител Љубомир Јовевски, истрагата е завршена и утврдила дека обвинетите дејствувале со иста цел, извршувајќи усогласени дејствија. Според обвинението, акцијата за нападот почнала во 14.30 часот на 27 април. Во групата обвинети е и лице кое на 27 април преку телефонски повик во 14.30 часот било известено да ја започне акцијата, по што заедно со уште неколкумина други го организирале членството за насилен напад во Собранието. 10-мина од обвинетите организирале поголема група луѓе на кои им делеле маски фантомки и заедно со нив по претходен телефонски повик во 18.58 часот се упатиле кон зградата на Собранието.

    Едно од обвинетите лица од пред вратите на Собранието бил во телефонска комуникација со обвинет пратеник со што се утврдува и координацијата меѓу двете групи, меѓу луѓето пред вратата и петмината пратеници внатре, кои заедно со тројца обвинети од собраниското обезбедување ги отвориле двете врати и им овозможиле на лицата со фантомки и насобраната толпа од „За заедничка Македонија“ да влезат и да ги нападнат пратениците. Петте обвинети пратеници се: Крсто Мукоски, Сашо Василески, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски.

    Еден од обвинетите тргнал кон пратеникот Зоран Заев и посегнал по пиштолот, но не пукал затоа што Заев бил заштитен од обезбедувањето.

    Во обвинението се опфатени и лица кои биле учесници во друга група, како организатори на движењето „За заедничка Македонија“. Овие четворица обвинети ги повикале и ги повеле насобраните граѓаните кон Собранието и со потпалувачки говори ја разгореле нетрпеливоста на насобраните граѓаните.

    За четворица од осомничените е прекината постапката бидејќи не се достапни на органите на прогонот, а истрагата е запрена и за пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска, бидејќи, како што кажаа од Обвинителството, не се утврдени елементи на сторено кривично дело.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира