ТРОЈЦА ЛЕКАРИ ДАВАЛЕ ФАЛЦ БОЛЕДУВАЊА НА ОБВИНЕТ ЗА ДА СЕ ОДОЛГОВЛЕКУВА ПРОЦЕСОТ, КАЖА ФЕТАИ НА СУДЕЊЕТО ЗА НАСИЛСТВО И ШАМАРИ ВО ЦЕНТАР

    ТРОЈЦА ЛЕКАРИ ДАВАЛЕ ФАЛЦ БОЛЕДУВАЊА НА ОБВИНЕТ ЗА ДА СЕ ОДОЛГОВЛЕКУВА ПРОЦЕСОТ, КАЖА ФЕТАИ НА СУДЕЊЕТО ЗА НАСИЛСТВО И ШАМАРИ ВО ЦЕНТАРСпецијалната обвинителка Фатиме Фетаи на едно од претходните рочишта за предметот Насилство во Општина Центар. (Фото: СДК.МК)

    Обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи, која го води предметот Насилство и шамари во Општина Центар, по пријава во Лекарската комора на Македонија, фати тројца лекари кои му давале фалц боледувања на обвинетиот Милан Андоновски, само да се одолговлекува и натаму овој судски процес.

    Фетаи рече дека против таквата непрофесионална постапка на лекарите ќе бидат покренати соодветни постапки. Фетаи ги нотираше сите датуми на боледувањата, кои се совпаѓаа со претходните рочишта за Шамарите, на кои не доаѓаше Андоновски, поради што судењето постојано се одлагаше.

    Првообвинет во овој случај е Никола Груевски, а втор е Миле Јанакиески. Има уште 9 обвинети. Никој не чувствува вина, така се изјаснија пред малку. Судењето кое што се влече година и пол, конечно почна. Денеска сведочеше поранешниот градоначалник Андреј Жерновски.

    Судењето продолжува на 19 април.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира