ВООРУЖЕН НАПАД ВО СЕДИШТЕТО НА ЈУТЈУБ, ИМА ПОВРЕДЕНИ

    ВООРУЖЕН НАПАД ВО СЕДИШТЕТО НА ЈУТЈУБ, ИМА ПОВРЕДЕНИСпоред некои непотврдени информации, напаѓачот е жена (Фото: АП)

    Полицијата на Северна Калифорнија потврди дека имало вооружен напад во седиштето на Јутјуб во Сан Бруно, јужно од Сан Франциско.

    На местото на пукањето дошле амбулантни возила и Си-Ен-Ен објави дека четири или пет пациенти се примени во локална болница, но нивната состојба не е позната.

    Полицијата првично соопшти дека напаѓачот не е фатен, а според некои непотврдени информации, станува збор за жена. Таа подоцна била пронајдена мртва во зградата, откако, најверојатно, извршила самоубиство.

    Гугл, во чија сопственост е Јутјуб, објави дека се истражува можен вооружен инцидент. Во седиштето на Јутјуб има околу 1.700 вработени.

    Некои вработени напишаа на Твитер дека напаѓачот е во зградата и дека луѓе се забарикадирани во канцеларии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира