Британскиот амбасадор во Скопје Чарлс Гарет напиша на Твитер дека едвај го чекаат денот кога ќе можат да ѝ посакаат добредојде на Македонија во Алијансата, по повод Денот на НАТО – 4 април.
„На денешен ден пред 69 години, Велика Британија и 11 други земји се обврзаа да ги чуваат слободата, заедничкото наследство и цивилизацијата на нивните народи, индивидуални слободи и владеење на правото. Македонија се обврза пред 25 години да се приклучи на оваa заложба за колективна безбедност и одбрана. Едвај го чекаме денот кога ќе можеме да ѝ посакаме добредојде на Македонија во Алијансата“, напиша Гарет на социјалната мрежа.
Американскиот амбасадор во Скопје Џес Бејли кажа дека во споредба со минатото Македонија сега има реална можност наскоро да се приклучи кон НАТО, зборувајќи на денешната трибина „НАТО и ти“.