ПРИРОДНОТО БОГАТСТВО ВО МОНОСПИТОВСКО БЛАТО ЌЕ СЕ УНИШТИ АКО НЕ СТАНЕ НАЦИОНАЛЕН ПАРК

    ПРИРОДНОТО БОГАТСТВО ВО МОНОСПИТОВСКО БЛАТО ЌЕ СЕ УНИШТИ АКО НЕ СТАНЕ НАЦИОНАЛЕН ПАРКБлатната површина на единственото мочуриште во земјава последниве децении постепено се намалува поради човечката негрижа со узурпацијата на граничните предели и претворање во плодно земјиште (Фото: СДК.МК)

    Општина Босилово бара Моносопитовско блато, единственото мочуриште во земјава кое е природен резерват на многу уникатни растенија и животни, да стане национален парк. Општината оваа година со средства од ЕУ планира да ја обнови инфраструктурата во оваа блатна површина, која последниве децении постепено се намалува поради човечката негрижа со узурпацијата на граничните предели и претворање во  плодно земјиште.

    Моноспитовското Блато се наоѓа под падините на Беласица десно од Бања Банско и според научниците се протега на околу 500 хектари, што е десетпати помалку од пред пет децении (Фото: СДК.МК)

    Моноспитовското Блато се наоѓа под падините на Беласица десно од  Бања Банско и според научниците се  протега на околу 500 хектари, што е десетпати помалку од пред пет децении. Откако пред десетина години за првпат беа поставени дрвени патеки, видиковци по мочуриштето со цел да се развива руралниот туризам, сега Општина Босилово планира да ја обнови, оти инфраструктура е дотраена и опасна за посетителите, а Општината не е во можност да ја одржува.

    Откако пред десетина години за првпат беа поставени дрвени патеки, видиковци по мочуриштето со цел да се развива руралниот туризам, сега Општина Босилово планира да ја обнови, оти инфраструктура е дотраена и опасна за посетителите, а Општината не е во можност да ја одржува (Фото: СДК.МК)

    „Планираме да  ги реконстурираме  патеките од природен материјал низ блатото во должина од еден километар, да изградиме нови набљудувачници,  кукички за гнездење, информациони табли, а паралелно ќе го уредиме и центарот за алтернативен туризам во Моносопитово со соодветен паркинг простор. Од биолошки аспект, овој простор со својата богата флора и фауна е доста интересен. Се трудиме ова блато да го ставиме под заштита на државата, односно да го прогласиме за национален парк што оди преку Министерството за животна средина ’’, вели градоначланикот на Општина Босилово Зоран Зимбаков.

    (Фото: СДК.МК)

    Моноспитовското Блато е опколено  со  повеке  видови дрвја, папрати, барска трска. Во него живеат стотици разновидни  птици, инсекти,  влечуги, а во мочуриштето, кое на одредени позиции е длабоко и до 4 метри, повеќе видови риби. За биолозите ова блато е споменик на природата и наликува на мала џунгла во која уште се кријат уникатни растенија и животни кои ги нема на други простори  не само во земјава туку и на Балканот.

    „Овде има ретки ендемски реликти кои не се доволно проучени. Колку за илустрација, досега имаме откриено 25 видови алги  кои се важен фактор за овој екосистем. Од рибниот фонд овде може да се сретнат крапови, линеши, амури, црвеноперки и штука. Забележани се 10 видови жаби, од кои една е ендемит – луковата жаба.  Повеке до 250 видови птици или живеат или блатото им е попатна станица преку летниот период. Што се однесува од растителниот свет,  би ја спомнал заедницата глуктиноза која преставува  мешавина од евла и лијани и е одлично место за гнездење на птиците. Тука е и папратот осмунда регалис кој може да пораснe и до 2 метри’’, вели за блатото Страшо Даов, професор по биологија при средното училиште „Димитар Влахов“.

    Моноспитовско Блато е споменик на природата и наликува на мала џунгла во која уште се кријат уникатни растенија и животни кои ги нема на други простори не само во земјава туку и на Балканот (Фото: СДК.МК)

    Моноспитовското Блато своевремно било извор за егзистенција на жителите од подбеласичките села, пред сè поради добриот улов на риби со познатите дрвени чајки и отстрелот на диви патки и шатки. Жителите од барската трска изработувале и  рогозина која ја продавале. Последниве години, на иницијатива на Македонското еколошко друштво беше покрената акција за сечење на барската трска и нејзино искористување како биогориво за затоплување на околу 700 домаќинства од Моноспитово и Бориево. Со оваа мерка се планираше наесен, плански и контролирано да се сече исушената трска и со нејзино пресување да се искористи како суровина за производство на брикети и палети за загревање на домовите. Но овој проект воопшто не профункционира.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира