КОРИСНИЦИТЕ НА ФЕЈСБУК ДЕНЕСКА ЌЕ ДОЗНААТ ДАЛИ ПОДАТОЦИТЕ ИМ БИЛЕ ЗЛОУПОТРЕБЕНИ

    КОРИСНИЦИТЕ НА ФЕЈСБУК ДЕНЕСКА ЌЕ ДОЗНААТ ДАЛИ ПОДАТОЦИТЕ ИМ БИЛЕ ЗЛОУПОТРЕБЕНИФејсбук, исто така, ќе ги информира корисниците кои апликации користат и кои приватни податоци тие собираат (Фото: Фејсбук)

    Членовите на Фејсбук денеска ќе дознаат дали се наоѓаат меѓу 87-те милиони корисници чии лични податоци биле злоупотребени од компанијата „Кембриџ аналитика“.

    Почнувајќи од 18 часот по македонско време, секој корисник ќе добие едно или две кратки известувања, со кои ќе биде информиран дали податоците му се злоупотребени.

    Компанијата, исто така, кажа дека ќе ги информира корисниците кои апликации користат и кои приватни податоци тие собираат.

    Повеќето од оштетените корисници, околу 70 милиони, се жители на САД, но „Кембриџ аналитика“ злоупотребила податоци и на огромен број Британци, Филипинци и Австралијци. Се верува дека се погодени 2,7 милиони државјани на Европска Унија.

    Во меѓувреме, Фејсбук суспендираше уште една компанија за анализа на податоци, наречена „Кубеју“, која, исто така, се сомничи за комерцијална употреба на лични податоци.

    Најновата акција на Фејсбук уследи само два дена пред најавеното сведочење на Марк Закерберг пред американскиот Конгрес во врска со скандалот со „Кембриџ аналитика“, која искористила лични податоци на милиони корисници за да влијае врз изборите во САД во 2016 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира