ФБИ УПАДНА ВО КАНЦЕЛАРИИТЕ НА ЛИЧНИОТ АДВОКАТ НА ТРАМП

    ФБИ УПАДНА ВО КАНЦЕЛАРИИТЕ НА ЛИЧНИОТ АДВОКАТ НА ТРАМПВо претресот се запленети и документи за исплатата на порноактерката Сторми Даниелс. - Мајкл Коен (Фото: Гети)

    ФБИ изврши претрес во канцелариите на Мајкл Коен, долгогодишниот личен адвокат на Доналд Трамп.

    Бирото дејствувало по налог на специјалниот советник Роберт Милер, кој го истражува можното мешање на Русија во претседателските избори во САД во 2016 година.

    Во претресот во Њујорк биле запленети документи со доверлива комуникација помеѓу Коен и негови клиенти, кажа неговиот адвокат Стивен Рајан.

    Американските медиуми објавија дека се запленети и документи за исплатата на порноактерката Сторми Даниелс, која тврди дека во пресрет на изборите примила 130.000 долари од Коен за да молчи за секс-аферата со Трамп. Тој минатата недела кажа дека не бил запознат со оваа исплата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира