НАЈАГРЕСИВНИОТ ТЕПАЧ НЕ Е МЕЃУ ОБВИНЕТИТЕ, СВЕДОЧЕШЕ МИНИСТЕРОТ МАНЧЕВСКИ ЗА ОБИДОТ ЗА УБИСТВО НА СЕЛА

    НАЈАГРЕСИВНИОТ ТЕПАЧ НЕ Е МЕЃУ ОБВИНЕТИТЕ, СВЕДОЧЕШЕ МИНИСТЕРОТ МАНЧЕВСКИ ЗА ОБИДОТ ЗА УБИСТВО НА СЕЛАМинистерот за информатичко општество и администрација Манчевски на прес-конференција три дена по нападот во Собранието на 27 април лани, кога тој беше пратеник. (Фото: СДСМ)

    За разлика од собранискиот спикер Талат Џафери, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски имаше појасна слика за насилствата и тепањето во прес-салата на 27 април лани во парламентот и ги препозна тепачите на Зијадин Села меѓу обвинетите.

    Претепувањето се случило среде салата, опиша прецизно Манчевски денеска во Основниот суд Скопје 1.

    „Сите овие 10 обвинети ги видов во салата“, рече тој и опиша како го удирале Села спружен на подот со клоци и боксови и како неговото тело се мрдало од ударите.

    „Во еден момент прогласија дека Села е убиен и почнаа тука да слават врз Села. Со него завршија, тргнаа кон Зоран Заев. Правеа јамка да го бесат”, сведочеше Манчевски.

    Тој посочи дека дел од 10-темина обвинети за обидот за убиство на Села, присутни во салата, го тепале и него.

    „Не знам поединечно кој од нив што му направи на Села, но знам мене што ми направија. Најагресивниот од сите, со рана на главата и крв на телото не е меѓу обвинетите 10-мина”, рече Манчевски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира