Владата очекува дека судскиот процес ќе се одвива целосно транспарентно и дека крајниот исход од постапката ќе ги расчисти сите отворени прашања во јавноста, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК владиниот портпарол Миле Бошњаковски по денешните обвинувања во судницата на процесот за предметот „Монструм“ дека премиерот Зоран Заев штити функционери од ДУИ кои ги имало во прислушуваните разговори што наводно ги чувал во штабот на СДСМ.
„Владата на РМ укажува дека целосната надлежност за предметот „Монструм“ е во рамките на правосудниот систем. Владата очекува дека процесот ќе се одвива целосно транспарентно и дека крајниот исход од постапката ќе ги расчисти сите отворени прашања во јавноста“, кажа Бошњаковски.
- ТАТКО НА УБИЕНО МОМЧЕ КАЈ СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО ПОБАРА СТРАЖАРНО ПРИВЕДУВАЊЕ НА ЗАЕВ И ПРЕТРЕС НА СЕДИШТЕТО НА СДСМ
- СОНУВАВ КАКО МУ ГИ ВРЗАА РАЦЕТЕ НА МОМЧЕТО И ПЛАЧЕВ, ПРЕНЕСЕ ДЕЛ ОД ТРАНСКРИПТИТЕ МАЈКА НА УБИЕНО МОМЧЕ ВО „МОНСТРУМ“
Родителите на убиените момчиња кај Смилковско езеро на денешното судење за „Монструм“ бараа Заев стражарно да биде донесен во Основниот суд Скопје 1 и да се соочи со нив дека кога биле кај него во СДСМ тој им тврдел дека ги поседува транскриптите според кои обвинетите разговарале со функционери од ДУИ.
С. К. ДЕЛЕВСКА