ЈАНКУЛОСКА НЕ ДОЈДЕ НА СУДЕЊЕТО ЗА МЕРЦЕДЕСОТ ОТИ ИМА РИЗИЧНА БРЕМЕНОСТ

    ЈАНКУЛОСКА НЕ ДОЈДЕ НА СУДЕЊЕТО ЗА МЕРЦЕДЕСОТ ОТИ ИМА РИЗИЧНА БРЕМЕНОСТПоранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на судењето за предметот „Титаник“ на 12 април. (Фото: М. Златевска)

    Обвинетата Гордана Јанкулоска не дојде на денешното судење за предметот на СЈО „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес оти има ризична бременост, за што лекарско уверение приложија нејзините адвокати. Покрај поранешната министерка за внатрешни работи, обвинети во „Тенк“ се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник министер за јавни набавки во МВР Ѓоко Поповски.

    Специјалното јавно обвинителство побара од судот раздвојување на постапката за Јанкулоска, на што се противи одбраната другите двајца обвинети, па беше дадена пауза за судот да одлучи по барањето на СЈО.

    Денеска требаше да сведочи Васе Доневски, поранешниот директор на Службата за општи заеднички работи во Владата, кој беше донесен од притвор во Шутка, каде што е за друго дело.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира