Професори од универзитетите од САД денеска ќе ги информираат студентите од земјава како да аплицираат на нивните универзитети а ќе бидат презентирани и програми за стипендии за студирање во САД.
Амбасадата на САД во Македонија ќе биде домаќин на нивната турнеја низ Југоисточна Европа. Средбата на американските професори со македонските студенти ќе биде во скопскиот хотел „Мериот“ од 17 до 19 часот. Советниците ќе ги информираат студентите и за услугите кои тие ги обезбедуваат во центрите во Македонија.
„Десет преставници од универзитети од САД ќе бидат на располагање да одговорат на прашања во врска со високото образование во Соединетите Држави и нивните институции. Влезот на настанот е бесплатен, и ги покануваме студентите и нивните родители да учествуваат. Освен тоа, помошникот за образование во Амбасадата на САД ќе одговара на прашања во врска со можностите за школарини и програми за размена на студенти, спонзорирани од Владата на САД“, велат од Амбасадата на САД.