МОДЕЛ НА ПЛЕЈБОЈ ДОБИ ДОЗВОЛА ДА ЗБОРУВА ЗА НАВОДНАТА АФЕРА СО ТРАМП

    МОДЕЛ НА ПЛЕЈБОЈ ДОБИ ДОЗВОЛА ДА ЗБОРУВА ЗА НАВОДНАТА АФЕРА СО ТРАМПКарен Мекдугал тврди дека имала 10-месечна афера со Трамп, почнувајќи набрзо по раѓањето на неговиот син Барон. (Фото: Вајр)

    Поранешниот модел на Плејбој Карен Мекдугал се спогоди со компанијата АМИ и сега може слободно да зборува за нејзината наводна афера со американскиот претседател Доналд Трамп. Мекдугал имаше потпишано договор од 150.000 долари со таблоидот „Нешнал Енквајаер“ во сопственост на АМИ за ексклузивните права за приказната.

    Таа поднесе тужба во Калифорнија минатиот месец да биде ослободена од обврските од договорот.
    Таа тврди дека имала 10-месечна афера со Трамп, почнувајќи набрзо по раѓањето на неговиот син Барон. Мекдугал ѝ се извини на сопругата на американскиот претседател Меланија Трамп, зборувајќи за врската во интервју со Андерсон Купер на „Си-Ен-Ен“.

    Претседателот Трамп негира дека имал врска со Плејбој моделот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира