БУГАРИЈА ГО НАЗНАЧИ ОРЦЕ КАМЧЕВ ЗА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ ВО МАКЕДОНИЈА, ВЛАДАТА НА ЗАЕВ ТРЕБА ДА ГО ОДОБРИ

    БУГАРИЈА ГО НАЗНАЧИ ОРЦЕ КАМЧЕВ ЗА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ ВО МАКЕДОНИЈА, ВЛАДАТА НА ЗАЕВ ТРЕБА ДА ГО ОДОБРИБизнисменот Јордан (Орце) Камчев на 29 август 2016 дојде на распит во СЈО. Од таму никогаш не кажаа во кое својство и за кој случај беше повикан најбогатиот Македонец според Форбс.- (Фото: Ѓ. Личовски - од архивата на СДК.МК)

    Бугарија го назначи бизнисменот Орце Камчев за почесен конзул во Македонија и барањето за егзекватура е стигнато во македонското Министерство за надворешни работи, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од МНР.

    Според процедурата, барањето се разгледува во МНР, потоа се бараат мислења од Министерството за финансии и Секретаријатот за законодавство при Владата. Кога ќе се комплетира документацијата, министерот за надворешни работи го предлага кандидатот на странската земја до Владата и ако тој или таа добие одобрение, министерот за надворешни му издава егзекватура, што е слично со агреман за амбасадорите.

    Камчев, кој од реномираниот економски магазин Форбс беше прогласен за најбогат Македонец, на 29 август 2016 година беше на распит во Специјалното јавно обвинителство.

    Камчев до февруари 2017 година беше еден од сопствениците на МПМ, пропаднатата медиумска компанија, која е предмет на истрага на СЈО како најголемиот донатор на изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во 2013, со 252.843 евра.

    Камчев беше поврзуван и со оф-шор фирмата „Ексико“, една од најуспешните компании во земјава со непознат сопственик, која беше регистрирана на иста адреса во Олбани, САД со фирмата „Финзи“, чиј директор Коста Крпач се самоуби, а беше сведок на СЈО и меѓу 56-те аболицирани од претседателот Ѓорге Иванов за криминали произлезени од прислушуваните материјали.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира