Премиерот Зоран Заев на денешните пратенички прашања во Собранието потврди дека неговиот прв братучед Трајче Заев ја купил оранжеријата на фирмата „Мам“ за да произведува лек од канабис.
„Точно е дека мојот прв братучед Трајче Заев ја купи оранжеријата на фирмата ‘Мам’ за да произведува канабис. Вкупната инвестиција ќе биде повеќе од 10 милиони евра, а во моментов се вработени скоро 30 граѓани од Свети Николе“, одговори Заев на прашањето на Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.
Заев кажа дека е етички и законски дозволено да се произведува лек од канабис, без разлика дали станува член или не на семејството Заеви.“
„Секој што има ресурси нека вложи во оваа дејност зашто е профитабилна. Јас поддржувам вакви работи, зашто од производство на лек од канабис државата очекува нови работни места и прилив од 100 милиони евра“, рече премиерот Заев.
Досега државата имала издадено осум лиценци за производство, а уште неколку биле во процедура.