Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека Законот за употреба на јазиците ќе биде објавен во Службен весник, но не кажа кога.
„Не сум оптоварен со време кога ќе го пуштам Законот за употреба на јазиците во Службен весник. Ќе добиете навремена информација кога тоа ќе го направам“, рече денеска Џафери на редовниот брифинг со новинарите.
Според Џафери, претседателот Ѓорге Иванов го прекршил Уставот со одбивањето да го потпише указот за Законот, па не е кривично дело тоа што тој упатува на овој закон да се објави. Џафери го повтори ставот дека нема да стави потпис во име на друг.
Г. ТРПЕНОСКИ