ТРАМП НОМИНИРАН ЗА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МИР

    ТРАМП НОМИНИРАН ЗА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МИРЈа заслужил наградата за неговите напори да се постигне мир на корејскиот полуостров. - Доналд Трамп (Фото: Ројтерс)

    Осумнаесетмина републикански конгресмени го номинираа Доналд Трамп за Нобелова награда за мир за 2019 година.

    Во писмото предводено од претставникот на Индијана, Лук Месер, и испратено до Нобеловиот комитет во Норвешка, тие велат дека „Трамп заслужил да ја добие Нобеловата награда како признание за неговата работа да се стави крај на Корејската војна и да се постигне целосна денуклеаризација на корејскиот полуостров, со што донесол мир во регионот“.

    Правилата за номинирање се релативни лабави. Номинација може да биде поднесена од луѓе кои припаѓаат на одредени категории, како универзитетски професори и поранешни добитници, но други ограничувања нема. Минатата година, имало 330 номинирани за наградата.

    Пред неколку дена, и претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-Ин, кажа дека Трамп заслужил да добие Нобелова награда за неговите напори да се постигне мир на корејскиот полуостров.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира