СРБИНОТ КОКОШКОВ ИСПИША ИСТОРИЈА СТАНУВАЈЌИ ПРВ СТРАНСКИ ТРЕНЕР НА НБА КЛУБ

    СРБИНОТ КОКОШКОВ ИСПИША ИСТОРИЈА СТАНУВАЈЌИ ПРВ СТРАНСКИ ТРЕНЕР НА НБА КЛУБИгор Кокошков 18 години работеше како помошен тренер во НБА-екипи

    Српскиот стручњак и поранешен селектор на Словенија, Игор Кокошков, испиша историја, станувајќи прв тренер роден и пораснат надвор од Северна Америка кој ќе седи на клупата на еден НБА клуб.

    Четириесет и шестгодишниот Кокошков, кој лани ја одведе Словенија до првата европска титула, ќе биде тренер на Феникс санс, со кој потпиша тригодишен договор. Тој досега беше дел од стручниот штаб на Јута џез, што ќе ја напушти откако клубот ќе ја заврши сезоната.

    Кокошков пристигна во НБА уште во 2000 година, кога стана помошен-тренер во Лос Анџелес клиперс, како прв Европеец на кој му била укажана таква можност. Тој се смета за еден од најдобрите помошни тренери кои работеле во НБА, што ги вклучува и петте години во Феникс (2008-13).

    „Воодушевени сме со ангажирањето на Игор за главен тренер. Тој низ целата кариера беше кошаркарски пионер и во клубот носи големо искуство“, изјави генералниот менаџер на Санс, Рајан Мекдона.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира