Марика Зафировска, една од обвинетите во предметот на СЈО „ТНТ“ за рушење на објектот „Космос“ на Фијат Цаноски, не дојде на денешното рочиште, бидејќи е на болничко лекување по физичкиот напад на 1 мај. Како што кажа нејзиниот адвокат, таа и сопругот биле нападнати во викендичка во Куманово и приложи лекарска документација.
Во судницата во Основниот суд Скопје 1 беа присутни другите обвинети: Миле Јанакиески, Никола Груевски и Тони Трајковски, а следното рочиште беше закажано за 11 јуни.
Претходно на судењето на „ТНТ“, одбраната побара изземање на судиите, но Врховниот суд и Апелацискиот суд Скопје го одбија барањето како неосновано.