КАТИЦА НА КОМЕМОРАЦИЈА НА НА СИЦИЛИЈАНСКИОТ ЛОВЕЦ НА МАФИЈАШИ ФАЛКОНЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:53:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК/МЕТА)

    КАТИЦА НА КОМЕМОРАЦИЈА НА НА СИЦИЛИЈАНСКИОТ ЛОВЕЦ НА МАФИЈАШИ ФАЛКОНЕ

    Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска во Палермо, Италија учествува на комеморацијата во чест на сицилијанскиот истражен судија Џовани Фалконе, кој на денешен ден пред 24 години беше убиен во атентат организиран од мафијата, чии членови ги гонеше заедно со неговиот соработник Паоло Борселино.

    Организатор на комеморацијата, како што соопштија од СЈО, е Фондацијата „Франческа Морвиљо Фалконе“, а во нејзиниот фокус е „борбата против организираниот криминал и истата има за цел да собере реномирани италијански и странски академици и експерти, вклучително и највисоки државни функционери“.

    Секој 23 мај Палермо одбележува годишнина од атентатот врз Фалконе. На одбележувањето редовно доаѓаат министри, градоначалници и други видни луѓе од Италија, но и од светот.

    Јанева, која на комеморацијата учествува на покана на Фондацијата „Франческа Фалконе“, е придружувана од двајца обвинители од нејзиниот тим, главниот истражител на СЈО и нејзиниот шеф на кабинет.

    Наречен ловец на мафијаши, Џовани Фалконе беше истражен судија специјализиран за водење случаи против сицилијанската мафија. Беше убиен во 1992 година заедно со сопругата и тројца телохранители, кога во канализациски канал на автопатот од Палермо кон аеродромот мафијата постави 500 килограми експлозив и разнесе два автомобила. Неговиот најблизок соработник и пријател, судијата Паоло Борселино, беше убиен два месеци подоцна, на 19 јуни, 1992. Борселино и 5 полицајци беа жртви на автомобил-бомба детонирана во округот на Палермо.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира