На денешното судење за предметот „Титаник“, Специјалното јавно обвинителство побара на дел од обвинетите, вклучувајќи го и поранешниот премиер Никола Груевски, да им биде конфискуван имот во износ што одговара на износот од Злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања, едно од делата во обемниот обвинителен акт.
СЈО побара да се конфискува имот од 34,9 милиони денари на обвинетите Никола Груевски и Мартин Протоѓер, кои се товарат за незаконски стекнатите средства за финансирање на изборната кампања во 2011 година. На Никола Груевски, Илија Димовски и Леко Ристовски да им конфискува имот од 31,4 милиони денар за кампања во 2013 година и на истите тројца обвинети да им се конфискува имот од 62,7 милиони денари за кампања во 2014 година. СЈО вкупно побара за конфискација имот од 129 милиони денари, што е околу 2 милиони евра.
- ОДБРАНАТА НА ГРУЕВСКИ ПОБАРА ИЗЗЕМАЊЕ НА ЈАНЕВА ВО „ТИТАНИК“ ОТИ КАЖУВАЛА КОЛКУ ПРОЦЕНТИ СЕ ВИНОВНИ ОБВИНЕТИТЕ
- СЕ РАСИПАА МИКРОФОНИТЕ ВО НОВИОТ КРИВИЧЕН СУД, СУДЕЊЕТО ЗА „ТИТАНИК“ ПРОДОЛЖИ ВО СТАРАТА ЗГРАДА
Судењето ќе продолжи 21 мај со воведни зборови на одбраната.
А. АНТЕВСКА