ГЕЈ ПАРОВИ ВО ГРЦИЈА МОЖАТ ДА ЧУВААТ ДЕЦА, ПАРЛАМЕНТОТ ИЗГЛАСА ЗАКОН

    ГЕЈ ПАРОВИ ВО ГРЦИЈА МОЖАТ ДА ЧУВААТ ДЕЦА, ПАРЛАМЕНТОТ ИЗГЛАСА ЗАКОНПарламентот денеска го изгласа Законот со кој на геј двојките им се дозволува да чуваат и згрижуваат деца, но не и да ги посвојат.

    Грција дозволи геј парови да чуваат деца. Парламентот денеска го изгласа Законот со кој на геј двојките им се дозволува да чуваат и згрижуваат деца, но не и да ги посвојат.

    Законот и покрај противењето на десницата беше изгласан со 161 глас ’за‘ и 103 ’против‘, а од 300 пратеници во салата присуствуваа 264. За Законот гласаа владејачката СИРИЗА и левичарската опозиција.

    „Ова е мал чекор од страна на Владата, која вети многу повеќе“, вели Григорис Валијанатос, ветеран на хомосексуалната кауза во Грција потсетувајќи дека премиерот Алексис Ципрас како опозиционер ветил дека ќе предложи законски чекори за решавање на хомосексуалните бракови и посвојувањето на деца од геј парови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира