МИЈАЛКОВ УСПЕА ДА ЈА ЗАГРОЗИ ДЕМОКРАТИЈАТА ВОДЕН ОД ИДЕАЛОТ ЗА ЕДНОПАРТИСКИ СИСТЕМ, КАЖА ФЕТАИ НА ПОЧЕТОКОТ НА „ТИТАНИК 2“

    МИЈАЛКОВ УСПЕА ДА ЈА ЗАГРОЗИ ДЕМОКРАТИЈАТА ВОДЕН ОД ИДЕАЛОТ ЗА ЕДНОПАРТИСКИ СИСТЕМ, КАЖА ФЕТАИ НА ПОЧЕТОКОТ НА „ТИТАНИК 2“Обвинетите во „Титаник 3“, Мијалков, Тачи и поранешните членовите на ДИК, се изјаснија дека не се виновни за кривичното дело за кое се обвинети. - Фатиме Фетаи; Сашо Мијалков (Фото: СДК.МК)

    Сопствената политичка недопирливост и имуност на политички пораз е мотивот на обвинетиот Сашо Мијалков да го стори кривичното дело за изборни нерегуларности во 2013 година, рече специјалната обвинителка Фатиме Фетаи во воведните зборови на судењето за предметот „Титаник 2“.

    Фетаи кажа дека Мијалков, воден од сопствениот идеал за еднопартиски систем во кој политичкиот противник претставува непријател и кој треба да се елиминира од политичката сцена, во комуникација со Мендух Тачи успеваат да ја загрозат демократијата.

    „Поттикнат од Сашо Мијалков, Мендух Тачи му наложил на член на ДИК да ја искористи својата положба и овластување и да го прифати приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за избирачко место во општина Струмица“, рече Фетаи во воведниот говор.

    Обвинетите Мијалков, Тачи и поранешните членовите на ДИК се изјаснија дека не се виновни за кривичното дело за кое се обвинети.

    „Отприлика го разбрав обвинението, но говорот на обвинителката беше повеќе политика отколку право. Апсолутно не сум виновен“, рече Мијалков по прашањето на судијата Огнен Ставрев да се произјаснат по обвинението.

    По ова рочиштето заврши, а воведните зборови одбраната ќе ги даде на наредното закажано за 22 мај.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира